еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Не добивме датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери

Република Македонија за жал не доби датум за почеток на преговори овој јуни, исто како што не доби ниту лани кога Зоран Заев и неговите соработници славеа во владиниот авион, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за денешниот исход од средбата помеѓу премиерот Зоран Заев и канцеларката Ангела Меркел.

„Република Македонија не добива датум затоа што нема реформи, а криминалот и корупцијата добиваат епидемиски размери. Зоран Заев ја срами државата секаде каде што оди. Граѓаните и државата само трпат штети од неговите лаги и манипулации.

Во официјалното соопштение од кабинетот на канцеларката Меркел, за жал не се спомнува датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ и покрај заканите и уцените на Заев“, велат од партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заев се враќа во Скопје со ново „жими мајка“ од Меркел“: Твитер реакции за средбата

Партијата на Меркел ЦДУ: Нема потреба од нервоза, датум ќе има

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 351 заболени од Ковид-19

Редакција

Во среда ќе се решава по жалбата на Русковска за суспензијата

Редакција

Наместо притвор, Фатиме Фетаи побара мерка претпазливост за Јанкулоска

Редакција