еМагазин
Image default
Македонија

Партијата на Меркел ЦДУ: Нема потреба од нервоза, датум ќе има

Од владејачката ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел за „Франкфуртер алгемејне цајтунг“ велат дека „не разбираат зошто е толку голем проблем одложувањето за три месеци на одлуката за преговори со Северна Македонија, особено што веќе е решено дека отворањето на првите поглавја од преговорите ќе се случи во декември“, пренесува Дојче веле.

– Што се однесува до Северна Македонија, според моите сознанија и проценки, можам да кажам дека земјата на крајот на септември ќе добие согласност од мојата пратеничка група и од Бундестагот, тврди пратеникот на ЦДУ, Јохан Вадефуп.

Притоа тој предупредува дека „не е од помош, ширењето страв од трети сили или земји“, по тврдењата дека одложувањето на одлуката за преговори може да ги засили активностите и апетитите на Русија и Кина во регионот.

Вадефуп ги отфрла критиките кон Бундестагот за одложувањето на одлуката за старт на преговорите со Северна Македонија до септември.

– Ние имаме одговорност пред нашиот народ, особено кога станува збор за една позитивна одлука за почеток на преговори. Мораме на нашиот народ точно да му објасниме, зошто сме рекле Да“, вели германскиот пратеник.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Заев се враќа во Скопје со ново „жими мајка“ од Меркел“: Твитер реакции за средбата

Средба Меркел – Заев: Берлин ќе даде зелено светло за датум во септември

Канцеларијата на Меркел без детали за сребата со Заев

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев одговори на навредите од Каракачанов дека е Бугарин: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Редакција

Убава вест: Оздравени 15 болни од Ковид-19

Редакција

Американскиот аналитичар Бугајски за „Побједа“: Македонија може да стане нова Република Српска

Редакција