еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Заев одговори на навредите од Каракачанов дека е Бугарин: Доста беше омраза, јас сум Македонец кој зборува македонски јазик

Доста беше омраза, порача премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил, откако бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер на Бугарија, Красимир Каракачанов го нарече Бугарин.

„Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој зборува бугарски јазик признат од целиот свет. Но, етничката и идентитетска разлика не е единствената меѓу нас. Поважна и посериозна е разликата во нашите светогледи.

Јас работам на доближување на ставовите околу разликите и знам дека тоа е можно само преку размена на идеи и мислења, а не преку навреди и недолични пораки. Нашите народи очекуваат исчекор кон пријателство, а не говор на омраза,“ напиша Заев на неговиот Фејсбук-профил.

По интервјуто на Заев за бугарската агенција БГНЕС, Каракачанов, вели дека премиерот на Македонија, е Бугарин на кому „полека му работи умот“.

„Според стариот бугарски обичај, Бугаринот се вразумува следниот ден, па така е со мојот колега Заев“, рече Каракачанов.

Каракачанов исто така рече дека заедничката историја за која зборува Заев е всушност бугарска историја до 1944 година.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани вкупно 764.953, трета доза примиле 1.292 граѓани

Редакција

Прв медал за Македонија по 21 години: Сребро за Георгиевски на Олимписките игри во Токио

Редакција

Каков имот пријавил Нефи Усеини, кој поднесе оставка во Советот на Општина Охрид

Редакција