еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Историски успех: Филмот „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска во Официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал

Краткиот игран филм „Северен пол“ на Марија Апчевска-Петровска  во продукција на „Кино око“ е селектиран во Официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал и ќе се натпреварува за наградата Златна палма за најдобар краток филм.

„Ова е историски успех за македонската кинематографија и за „Кино око“, бидејќи прв пат македонски филм е селектиран на најголемиот и најпрестижниот филмски фестивал во светот. Филмот е еден од десетте избрани помеѓу 3.739 пријавени филмови.

Исклучителна е честа да се биде дел од овој врвен светски филмски фестивал и да се претставува македонската кинематографија. Ова е уште еден голем успех во низата успеси на оваа генерација македонски филмаџии и преставува потврда на талентот и креативноста на авторката Марија Апчевска-Петровска,“ изјави продуцентот Роберт Насков.

Филмот е сниман на супер 16 мм филмска лента на локации во Скопје и Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа и кастинг директор Киријана А. Николоска.

Продуцент на филмот е Роберт Насков и сценарист и режисер е Марија Апчевска-Петровска.

„Северен пол“ е копродукција помеѓу Северна Македонија, Србија и Унгарија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Раст од 6,1% на депозитите во февруари, а кај кредитите за 8,9% на годишно ниво

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Во Газа досега убиени над 5.000 деца

Редакција

Македонија и Грција заеднички ќе ги промовираат туристичките потенцијали

Редакција