На 22.09.2019 во 23.20 часот во СВР Скопје, З.Б.(51) од Скопје пријавил дека околу 22.15 часот во Психијатриска болница Скопје бил физички нападнат од М.О., вработен како обезбедување во болницата, информира МВР.
Според пријавеното, причина за физичкиот напад билa расправија поради обид на пријавителот да го паркира неговото возило во кругот на болницата. Се работи на расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.