Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа, објави денеска на Твитер претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
There can be no doubt that the Macedonian language is your language. We fully respect that. https://t.co/YcFx63cBJZ
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) July 15, 2022
Заедно со пораката, Фон дер Лајен го ретвитна и делот од своето вчерашно обраќање во Скопје, каде пред пратениците во Собранието порача: „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без С Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам“.
Претходно денеска портпаролката на Европската комисија, Дана Спинант одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик.
Одговарајќи на новинарско прашање Спинант рече дека вчера претседателката говорела за „јазикот што го користат луѓето во С Македонија“.
– Изјавата на претседателката значи тоа што значи. Таа зборува за јазикот користен од луѓето во С Македонија, што таа го нарекува македонски јазик.
На дополнително прашање дали вчерашната изјава на Фон дер Лајен значи дека Европската комисија го признава јазикот како македонски, Спинант рече дека не сака да се впушта во интерпретација на сите синоними во изјавите на претседателката на ЕК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Вчера за ЕК беше македонски, денеска е “јазикот кој го зборуваат луѓето во РС Македонија”
Фон дер Лајен твитнала на македонски. Ма што збориш!
Фото: Влада