еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Вчера за ЕК беше македонски, денеска е “јазикот кој го зборуваат луѓето во РС Македонија”

Дописничката на државната агенција МИА од Брисел, Тања Милевска, на Твитер објави видео од денешниот прес брифинг на Европската комисија (ЕК) на кој ја прашува заменичката портпаролка на ЕК, Дана Спинант дали вчерашната изјава за почитување на македонскиот јазик од претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен во македонското Собрание значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Европа не чекала, рече во Собрание Фон дер Лајен, која убедува дека македонскиот јазик и идентитет не се загрозени

Во одговорот Спинант кажа дека Фон дер Лајен зборувала за „јазикот на луѓето во Република Северна Македонија“, која таа го нарекла македонски.

На ново прашање дали тоа значи дека ЕУ го признава македонскиот јазик, Спинант вели дека нема да навлегува во толкување на изјавата на Фон дер Лајен и ја повторува фразата “јазикот кој го зборуваат луѓето во Република Северна Македонија”.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен твитнала на македонски. Ма што збориш!

Фон дер Лајен ќе се сретне со „северномакедонскиот“ претседател, но не и со македонскиот

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Запознајте ги членовите на ДИК: Кој е Јанаќе Витановски

Редакција

Доколку состојбата со банките беше како што е прикажана во извештајот, тие немаше да ги издржат силните шокови, вели поранешниот гувернер Богов за обвинувањата на Костовски

Редакција

(Видео) Скопје подготвено за вистински спектакл: Време е за Светското првенство во хип хоп и стрит денс шоу 2024

Редакција