еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Џамбо и пријателите го продолжуваат своето „Патување“ со концерт во Струмица на 26 декември

Фонтана, Џамбо Агушев, заедно со Камерниот oркестар Iwconnect и спeцијалните гости ќе одржат голем концерт на 26 декември од 20 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.

Како специјални гости на овој концерт ќе бидат една од најпознатите балкански вокални интерпретаторки Даница Крстиќ од Србија, како и еден од најдобрите светски гитаристи, Ангел Демирев од Бугарија.

„Концертот со наслов „Патување“ ќе биде едно уникатно музичко доживување за публиката. Балканската музичка традиција спакувана во посебни и урбани аранжмани ќе биде главниот двигател на ова „патување“, но покрај тоа ќе допреме и до богатата европска романтичност и сето тоа ќе биде изведено од триесетина музичари на сцената.

Ветуваме уште еден несекојдневен музички настан кој ќе ја одбележи оваа година на културен и уметнички план,“ велат Агушев и Благојче Трајковски.

Оваа иста музичка екипа претходно одржа спектакуларен концерт во рамките на „Фестивал на музика од светот“ во Битола. Тоа беше настан кој предизвика многу воодушевување и силни емоции.

Сето тоа беше одличен поттик и инспирација овој концертен спектакл наречен „Патување“ да започне свое патување низ градовите во Македонија и регионов. Па оттука, со сигурност можеме да кажеме дека во понеделник на 26ти декември Струмица ќе биде центарот на културата и уметноста во нашата држава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Борисов се откажа од пратеничкиот имунитет поради аферата „Барселонагејт“, за куќа на манекенка во Барселона

Редакција

Институт за македонска литература: Со ставот на Бугарската академија на науките се негира македонскиот идентитет

Редакција

Ако Бугарите бараат промена на Уставот, тогаш и тие да го направат тоа, вели Мицкоски

Редакција