Американската амбасада во Скопје во чест на ЛГБТИ Месецот на гордоста традиционално и годинава е во боите на виножитото.
„За да го прославиме ЛГБТИ Месецот на гордоста, во чест на немирите во 1969 година во Стоунвал во Менхетен, Американската амбасада е украсена во боите на виножитото.
Промовирањето, заштитата и унапредувањето на човековите права – вклучувајќи ги и правата на ЛГБТИ лицата – одамна е и останува политика на САД“, стои на Фејсбук страната на Амбасадата.
Фото: Амбасада на САД/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.