еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“: Во Македонија има 40 големи кластери

Решенија на позитивни лица со Ковид-19 се издадени во Чаир, Гази Баба, Аеродром, Сингелиќ и Сарај. Епидемиолошките анкети укажуваат на бројни семејни кластери. Во периодот од 24 мај наваму, односно денот кога почна релаксирањето на мерките евидентно се зголемува бројот на позитивни пациенти. Секој ден бројот на позитивни пациенти значи огледало на нашето однесување ретроградно наназад најмалку 14 дена. Во овој период регистрирани се повеќе од 40 големи кластери на територија на целата држава и неколку кластери, во еден период беа 15, па 20, на територијата на Град Скопје.

Ова денеска на прес-конференција го истакна директорката на Државен санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ), Иринка Сотирова Бухова, која рече дека големите кластери се „Мекици Охрид“, „Слава Ресен“, „Свадба Скопје“, „Ифтарски вечери“ и „Погреби“ и на нив присуствувале од 50 до 150, а некаде и 200 луѓе, за што, како што посочи, како Инспекторат не можат да поверуваат дека не биле забележани и не интервенирало МВР.

Во однос на семејните кластери, потенцира, според епидемиолошките анкети, сме имале од четворица до 20 инфицирани со исто презиме односно во една фамилија.

– Досега ДСЗИ има издадено над 8.000 решенија по основ на контакти, над 3.200 решенија на позитивни за домашно лекување и самоизолација и над 3.500 решенија на повратници со негативен PSR тест, додаде д-р Сотирова Бухова, одговарајќи на новинарско прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителски објекти од кои најголем дел во Чаир и Тетово не ги почитувале протоколите

Ќе издржи ли здравствениот систем: Вториот бран на корона вирусот станува цунами?

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Советот на јавни обвинители сè уште не добил на писмено потврда од Фетаи дека се повлекува од трката за за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Редакција

Потребна е целосен пресврт во нашата политика кон Бугарија, ние не сме нечија провинција, вели Димитров

Редакција

Намалено индустриското производство

Редакција