еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Намалено индустриското производство

Индустриското производство во февруари годинава во однос на февруари лани е зголемено за еден отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Вкупно, во првите два месеца од 2022, во споредба со 2021 година, пак, е помало за 0.5 отсто.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи опаѓање од 1,3 %, во секторот Преработувачка индустрија намалување од 2,6 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација има пораст од 45,4 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на облека, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на производи од гума и производи од пластични маси, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во февруари 2023 година, во однос на февруари 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 36,9 %, Капитални производи за 8,9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,8 %, додека опаѓање има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 19,6 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 12,7 %.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германија ги отвора границите за целосно вакцинирани од 25 јуни, важи и за Македонците

Редакција

„Сакаш бугарски пасош, оди во Острени, Голо Брдо“: Новинари од Албанија си купија лажни потврди за бугарско потекло

Редакција

Попова Кула со намалена добивка

Редакција