Нашиот успешен интернационален модел Андреј Пајмакоски, додека престојуваше два месеци во центарот на светската мода – Милано, успеа да изработи неколку фантастични проекти помеѓу кои беше и модниот едиторијал за магазинот MOVEM.
„Фотографирањето беше на неколку локации во Милано предвидени за новата модна сезона. Пајмакоски е веќе подолг период присутен на интернационалната модна сцена, но сега веќе кога го застапува докажаната агенција Elite, дојдоа вистинските проекти.
Андреј е еден од ретките машки модели кои си го трасираше патот до големите светски метрополи. Под раководството и тимот на Марко Николиќ од „Фокс моделс“ неговата кариера почна да движи по нагорна линија.
Егзотичниот убавец со вистинските манекенски пропорции е одличен пример за сериозноста и професионалноста на машката модна сцена,“ велат од неговата матична агенција Моделс ИН Менаџмент од Скопје.