еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

СЗО бара од производителите да донираат 50% од своите вакцини во Ковакс

Светската здравствена организација (СЗО) побара денеска од производителите на вакцини против коронавирусот да донираат половина од сите вакцини кои ќе ги произведат оваа година во програмата Ковакс.

Преки механизмот Ковакс вакцините се доставуваат бесплатно до сиромашните земји и се прават напори да се обезбеди еднаква распределба на вакцините меѓу оние кои не можат да ги платат, но механизмот не успева да работи со максимална сила.

До 4 јуни, Ковакс испорача 80 милиони дози вакцини во 129 земји и територии, што е значително помалку од очекуваното.

Соочена со таа ситуација, Светската здравствена организација уште еднаш побара од богатите земји, кои веќе вакцинирале дел од нивната популација, да ги поделат вакцините.

СЗО исто така ги повика и фармацевтските компании да покажат солидарност.

Генералниот секретар на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус ги повика сите производители да му дадат приоритет на Ковакс за нови количества вакцини или да се обврзат да му дадат на располагање на Ковакс 50 отсто од нивното производство годинава.

– Нееднаквата вакцинација претставува закана за сите земји, не само за оние кои имаат недостаток на вакцини. Нееднаквата распределба на вакцините овозможува вирусот да продолжи да се шири и го зголемува ризикот од појава на мутации кои ги прават вакцините помалку ефикасни, истакна Гебрејесус.

Програмата Ковакс е формирана од Алијансата за вакцини (Гави), СЗО и Коалицијата за иновации за подготовка за епидемии (Цепи) со цел да се борат против нееднаквиот пристап до антиковид имунизација, а преку таа програма се доставени бесплатни дози во 92 сиромашни земји и територии.

МИА/Фото: Photo by Daniel Schludi on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Редакција

„Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство“, напиша Царовска на Фејсбук

Редакција

Застаре и „Топлик“, Јанакиески повеќе нема да биде гонет за случајот

Редакција