еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

За прв пат учествува и Македонија: Вечерва почнува Европското првенство во фудбал

Денеска почнува Европското првенство (ЕП) во фудбал, а мечевите ќе се играат во 11 градови во 11 држави: Амстердам, Баку, Будимпешта, Букурешт, Глазгов, Копенхаген, Лондон, Минхен, Рим, Севиља и Санкт Петербург.

Првенството стартува вечерва во Рим со мечот меѓу Турција и Италија.

За прв пат на Европско првенство во фудбал, ќе учествува и Македонија. Првиот натпревар македонската репрезентација го игра во недела од 18 часот во Букурешт против тимот на Австрија.

На ЕП учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи, а првите две од секоја група и најдобрите четири третполасирани продолжуваат во осминафиналето.

Финалето е на 11 јули на стадионот Вембли во Лондон, Велика Британија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

22 биле вакцинирани: Вкупно 351 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција

Анима Мунди: Екстремитети, црева, глави, утроби расфрлани на улица во Визбегово!

Редакција

ЗНМ за предлог-планот на Владата за борба против лажните вести: Одредени точки загрижуваат

Редакција