еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Аргентинска вечер во Лимак: Yerba Mate е најпопуларниоит пијалок во Аргентина, а Аргентинците јадат многу доцна

Дали знаевте дека: Аргентина го има најдобриот стек на светот; Евита беше првата жена што се појави на валутата; Марадона има своја црква и религија; Yerba Mate е најпопуларниоит пијалок во Аргентина; Аргентинците јадат многу доцна; Ел Пато е официјален национален спорт; аргентинските клубови се нарекуваат Гаучос.

Овие интересни факти беа споделени со присутните гости на одржувањето на Аргентинска вечер на 7 и 8 април во Limak Skopje Luxury Hotel.

Со звуците на аргентинското танго и музика, посетителите уживаа во традиционалната аргентинска храна, специјалитети од телешко месо, карактеристично за аргентинската кујна, приготвени по автентични рецептури.

Автентичните аргентински специјалитети од менито „Буенос Аирес“, беа подготвени од искусниот главен готвач на хотелот и од неговиот тим. Аргентинската магија преточена во автентични вкусни рецепти беше збогатена со врвните вина на најголемата македонска винарница „Тиквеш“.

Амбиентот на луксузниот ресторан беше разубавен со дел од танчерите учесници на меѓународниот маратон во танго, кој се одржа во Limak Skopje Luxury Hotel.

Фото: eMagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Надминување на вредностите на азотен оксид е регистрирано кај котларата за парно греење во Цементарница Усје, покажува извештајот на Државниот инспекторат за животна средина

Редакција

На барање на Македонија, Србија ќе ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Редакција

Д-р Даниловски: Симптомите на кракен се слични како кај грип или настинка, стари лица со хронични болести се со ризик да завршат во болница

Редакција