еМагазин
Image default
Спорт

Кугларите на „Макпетрол“ со 22-ра титула во шампионатот и победа на националниот куп

Екипен првак на Македонија во куглање за сезоната 2022-2023 е „Макпетрол“. Членовите на скопскиот клуб до рекордната 22-ра титула дојдоа со убедливи 16 победи од исто толку натпревари. Тие освоија 32 бода, односно 114 поединечни поени, а загубија само 14 индивидуални бодови.

Исто така, „Макпетрол“ е освојувач на купот во куглање на Македонија што се одржа во кугланата „Мусандра“ во Скопје. Со 3.382 соборени кегли го освоија рекордниот 12-ти трофеј во Купот, 53 повеќе од второпласираниот „Вардар 2014“ и 189 повеќе од третопласираната „ГТЦ Мусандра“.

Во Топ-6 поединечни резултати на Купот се најдоа дури 4 првотимци на “Макпетрол”. Младен Донковски, натпреварувач на скопскиот клуб, е прогласен за куглар за 2022 година.

Во последното коло од кугларската лига, одржано минатиот викенд, кугларите на „Макпетрол“ ја совладаа женската екипа на „ГТЦ Мусандра“ со 8-0, односно 3.321-2.744 во соборени кегли. Два женски тима се натпреваруваат со мажите во македонската кугларска лига, но нивниот конечен пласман се смета издвоено.

Кугларите на „Макпетрол“ ја обезбедија титулата уште во март кога со победата во 14 коло создадоа недостижна предност, но со триумфот минатиот викенд, првото место во лигата за годинашната сезона доби и официјална потврда.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НЛБ Банка АД Скопје стана спонзор на Судиската комисија при Кошаркарска федерација

Редакција

(Фото) Пречек за македонските фудбалери на Блаце: Пандев радосен што на 38 години дочекал Европско првенство

Редакција

Во Охрид се снима спот за историскиот пласман на македонската фудбалска репрезентација на Европско првенство

Редакција