еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Мирисот на нова книга ја најавува пролетта: Меѓународен Саем на книгата ќе се одржи од 4 до 10 мај

Во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура како покровител на саемот, го организира 35. Меѓународен Саем на книгата, кој годинава се одржува под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“.

Годинешното издание на еден од најомилените саеми во државата, ќе се одржи од 4 до 10 мај, во Арена „Борис Трајковски“, каде „мирисот на нова книга“ на изложените штандови на над 50 учесници, во кои се вбројуваат најуспешните македонски издавачки куќи – се проектира да привлече илјадници љубители на чувството да се поседува и подари нова книга.

Во календарот на најзначајни културни македонски настани, централното место со децении му припаѓа токму на „Саемот на книгата“ – најомилениот период од годината кога ѝ посветуваме посебна љубов и грижа на личната домашна библиотека или пак кога ја зачестуваме навиката да пронајдеме и подариме нови книги на најблиските.

Најголемата манифестација посветена на книгата на национално ниво, која во месец мај ќе претстави голем број наслови од сите континенти во светот – се занимава со промоција на книжевното творештво и љубовта кон пишаниот збор, како и културна размена и иницирање актуелни литературни и општествени прашања.

Неформално познат како „фестивал на пишаниот збор“, секоја година „Саемот на книгата“ е домаќин и главен центар на најзначајните домашни и бројни странски автори и издавачи, кои ги претставуваат своите најактуелни изданија.

За претстојната програма, како и за сè што следува за најочекуваниот саем во државата, следете го Скопски Саем на skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Силјановска за прв пат во кампањата ги покажа сопругот и ќерката

Редакција

Мухамед Зеќири доби нови 30 дена притвор

Редакција

(Вознемирувачко видео) Американецот Брен Рено е првиот странски новинар убиен во Украина

Редакција