еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Младиот Никола кој се бори со канцер замина на лекување во Турција

Младиот Никола Ѓорѓиев (19), кој се бори со канцер и за кој изминатиов период граѓаните собираа средства за лекување, замина во Турција, каде ќе му бидат направени испитувања за процесот на неговото лекување, информираше на Фејсбук, градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој го испрати на на Меѓународниот аеродром Скопје.


-Рано утрово на Меѓународниот аеродром Скопје му посакав среќен пат на Никола кој замина за Турција.

Во следните денови на Никола во Турција ќе му бидат направени испитувања со што ќе биде утврден протоколот за неговото лекување.

На Никола му подарив благословена бројаница со цел во оваа битка да го следи Божјиот благослов!, напиша Стефковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворени се донациски броеви на А1 и на Телеком за лекувањето на 19-годишниот Никола, кој се бори со канцер

19-годишниот Никола се бори со канцер, потребна му е нашата помош

Фото: Фејсбук/Стефановски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 339 пациенти болни од Ковид-19

Редакција

Американската војска не нарече „Северномакедонци“, па се извини

Редакција

Шеста година по ред ОКТА додели стипендии за постдипломци на УКИМ

Редакција