Американскиот новинар Брен Рено (51) загина откако руските сили отворија оган врз автомобил во движење во близина на Ирпин. Рено бил погоден во врат.
Тој е прв странски новинар кој загинал од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари.
Кај загинатиот новинар беше пронајдена прес-карта од Њујорк тајмс, но весникот соопшти дека тој не работи за нив од 2015 година.
Се уште не е познато за кого известувал Рено. Во нападот се повредени уште двајца новинари и се хоспитализирани.
МИА/Видео: World News English/You tube/Фото: Руско министерство за одбрана/newsreadonline.com
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.