еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Проф. Трајковски: Неофицијалниот број на починати од Ковид-19 или негови последици изнесува 16.147

Според податоците од билтенот бр. 02/2022 на Државниот завод за статистика (ДЗС) пресметана е одвишната смртност, над очекуваната сезонска смртност по месеци, пишува проф. Дејан Трајковски во најновата анализа на ковид-бројките.

“Очекуваната сезонска смртност, со ниво на доверба од 95%, се наоѓа помеѓу портокаловата и сивата линија на првиот дијаграм.

Вистинските месечни броеви на починати се прикажани со сините прачки на истиот дијаграм. Делот од сините прачки надвор од брановидните линии (над сивата линија) ја прикажува одвишната смртност.

Дел од одвишната смртност (сината линија на вториот дијаграм) е објаснет со официјалниот број на починати од ковид (портокаловата линија на вториот дијаграм), а дел е необјаснет (сивата линија на вториот дијаграм).

Меѓу објаснетата и необјаснетата одвишна смртност постои висока корелација, со коефициент на корелација r=0,60, што покажува дека најголем број од починатите коишто ја чинат необјаснетата одвишна смртност се всушност починати од ковид, кои не биле евидентирани во официјалниет ковид статистики.

Голем број претставуваат индиректни жртви на ковид, поради нелекување на други болести, како и пост-ковид жртви.

На вториот дијаграм многу убаво се гледаат врвовите на брановите на вуханскиот сој, алфа и делта сојот.

Да ги видиме сега бројките. Од почетокот на епидемијата до 31.12.2021, за 21 месец одвишната смртност (над очекуваната сезонска смртност) изнесува 14.115 умрени лица, со 95% интервал на доверба од 13.333 до 14.897.

Во истиот период официјално од ковид починале 7.958 лица, односно најверојатниот број на починати е за 77,4% поголем од официјалниот (со 95% интервал на доверба од 67,5% до 87,2%).

Инаку, во истиот период од 21 месец смртноста е поголема за околу 40,7% во однос на очекуваната сезонска смртност, којашто би била без епидемија. Овој податок е важен за оние кои сé уште мислат дека „луѓето секако умирале од старост и од грип“.

Иако од ДЗС недостасуваат официјални податоци за умрените после декември 2021, доколку ги примениме претходно споменатите множители (77,4% одвишна смртност, со интервал од 67,5% до 87,2%) на официјалниот број на починати од ковид од 01.12.2021 до 08.03.2022, добиваме дека вкупниот (неофицијален) број на починати од ковид или последици од ковид изнесува 16.147, со 95% интервал на доверба помеѓу 15.252 и 17.042.

Овој број на изгубено население приближно одговара на град со големина на Радовиш или Струга!

Доколку сметаме со население од 1,8 милиони жители, одвишната смртност во Македонија изнесува околу 897 починати на 100.000 жители, со што Македонија се наоѓа на второто место во светот, веднаш после Бугарија, нивните 988 одвишни починати на 100.000 жители,“ пишува Трајковски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми

Проф. Трајковски: Не треба да се радуваме пред време, сé уште сме во зоната на 4. степен на ризик за ширење на заразата

Фото: Фејсбук/Трајковски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрага за барокната фасада на Владата: 30 дена притвор за првоосомничениот, за второосомничениот – куќен притвор

Редакција

Колку изнесува највисоката просечна бруто-плата во мај

Редакција

Четврти случај на делта сојот во Македонија, за четворица се чекаат резултати

Редакција