еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на руските сили врз воениот комплекс во близина на Лавов

Најмалку 35 лица загинаа, а 134 се ранети во нападот на руските сили врз воениот комплекс во близина на Лавов во западна Украина, соопшти гувернерот на регионалните воени власти Максим Козицки.

Тој претходно рече дека руските сили истрелале повеќе од 30 крстаречки ракети кон воениот полигон Јаворив. Претходниот биланс беше девет загинати и 57 ранети.

Центарот за воена обука се наоѓа на околу 50 километри југозападно од Лавов и на околу 25 километри од границата со Полска. Во последните години служел како полигон за обука на украинските сили под надзор на странски инструктори, претежно американски и канадски.

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников претходно изјави дека во објектот работеле и странски воени инструктори, но не е јасно дали некој од нив бил во базата кога се случил нападот.

Резников го нарече терористички рускиот ракетен напад врз воената база Меѓународен центар за мир и безбедност, која се наоѓа западно од Лавов, на 25 километри од полската граница.

– Ова е нов терористички напад врз мирот и безбедноста во близина на граница на ЕУ-НАТО. Мора да се преземе акција за да се запре ова. Затворете го небото!, повика тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Предупредување до НАТО: Нападнат воен центар близу Полска, аеродромот Ивано-Франковск, серија напади и во други градови

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска во Прилеп почнува „Фестивалот на пивото и скарата 2024“, еве кој ќе настапи на отворањето

Редакција

ЈП Комунална хигиена Скопје склучи договор со Пуцко петрол вреден 2,1 милиони евра

Редакција

Мицкоски од Сиљановска Давкова мандатот за состав на нова влада ќе го добие идната недела

Редакција