еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Предупредување до НАТО: Нападнат воен центар близу Полска, аеродромот Ивано-Франковск, серија напади и во други градови

Руските сили утрово го нападнаа аеродромот кај градот Ивано-Франковск, потврди градоначалникот на градот Руслан Марцинкив.

– Според прелиминарните информации, експлозиите што се слушнаа утринава се од напад на аеродромот. Ве потсетувам дека целта на непријателот е да сее паника и страв, напиша Марцинкив на Фејсбук.

Градот е на околу 114 километри јужно од Лавов, каде беше погодена база што се користеше за воена обука.

Сирени за воздушен напад утрово се огласија во повеќе делови на Украина, и тоа во Житомир, западно од Киев, и во областите Тернопил, Ривне и Ивано-Гранковск на запад, како и во областа Волин на северозапад и Краматорск во источна Украина.

Осум проектили се истрелани кон украинскиот Центар за меѓународен мир и безбедност.

Станува збор за воен центар за обука и база западно од Лавов, во близина на границата со Полска, која е оддалечена околу 25 километри.

Нападот на воената база во близина на Полска дојде откако заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков вчера предупреди дека западните конвои со оружје и воена опрема за Украина Русија ги третира како „легитимни цели за напад“.

Градоначалникот на Лавов, Андриј Садовји, го потврди рускиот напад врз украинскиот меѓународен центар за мир и безбедност. Тој ги повика луѓето да не објавуваат фотографии и видеа од местото на настанот.

Според портпаролот на украинската армија Антон Миронович, засега нема информации дека некој е убиен во нападот на воениот центар западно од Лавов.

Овој напад се смета за предупредување до НАТО, кој често ја користи базата како место за обука.

Лавов и неговата околина досега не биле цел на руски напади, а во градот се засолнети и бегалци и западни дипломати кои останале во Украина.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонските момчиња станаа мажи, а девојчињата израснаа во жени чекајќи ЕУ да ги исполни ветувањата

Редакција

(Фото-галерија): Јубилејни 70 години Национален парк Пелистер

Редакција

Мицкоски: Ако над 80 пратеници гласаат за измени на Уставот, ќе се повлечам од политика

Редакција