еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Македонските момчиња станаа мажи, а девојчињата израснаа во жени чекајќи ЕУ да ги исполни ветувањата

Ќе доживее ли нашата земја уште едно понижување од Европската Унија која веќе десет години препорачува отварање на пристапните преговори за зачленување на Македонија во Унијата, но никако да одреди конкретен датум за тоа е прашање кое ја мачи целата македонска јавност, на која веќе и е здосадено од лажни ветувања.

Изминаа петнаесет години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во април 2004 година, кога и почна процесот на зачленување на Македонија во ЕУ.

Од 2009 година, наваму Европската комисија постојано му препорачува на Советот да ги отвори преговорите за пристапување со Македонија, која официјално е земја кандидат од 2005 година.

Македонските момчиња станаа мажи, а девојчињата израснаа во жени чекајќи ЕУ да ги исполни ветувањата.

Сосем е нормално новите генерации да се чувствуваат фрустрирано и да расте национализмот, кога беа сведоци како се менува името на нивната татковина токму за да се исполнат измислените политички критериуми за зачленување во Унијата.

Се чини дека крајно време е европските политичари да сфатат дека играта зајче и морковче не може вечно да функционира и дека нашата земја има опции и како што е новата Евроазиска Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Се чувствува страв во воздухот од нова „корпа“ од ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) „Алкалоид“ со втора масовна крводарителска акција годинава

Редакција

Нови 949 случаи на Ковид-19 од 3.610 тестирања

Редакција

Акциите на Комерцијална, НЛБ Банка и Алкалоид најтргувани на Македонската берза

Редакција