еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ВМРО-ДПМНЕ денеска со друг став за понудата на Заев: “Пактови со мафија нема“

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска излезе со друг став за понудата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за заедничка влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Мицкоски му одговори на Заев од кревет на Инфективна: Од мене ќе се спасите ако не се разбудам утре

„Зоран Заев, по криминални и украдени избори, по злоупотреба на вонредна состојба, по извршен масовен поткуп, по притисоци, закани, уцени, по менување изборен законик на пет минути пред почеток на изборна кампања, во услови на пандемија, карантин, поделени пакети, по задолжувањето на државата за повеќе од една милијарда евра, јавни, дава некаква понуда за заедничка влада.

Провидна е играта на Зоран Заев и неговиот предлог за широка влада во која баш тој Заев ќе одбира кој ќе раководи со ВМРО-ДПМНЕ е тоа е најдобриот показател дека владата на Зоран Заев е разнишана.

Овој негов предлог може единствено да се толкува како сламка на спас на кариерата на Зоран Заев и неколку луѓе околу него.

Предлогот за влада дојде само три дена откако лажно се храбреа со тенкото мнозинство, а веќе следниот ден немаше кворум за работа во Собранието.

Од вештачката радост за наводното стабилно мнозинство во Собранието за три дена стигна понуда за широка влада зошто Заев знае дека владата е на стаклени нозе и не може да функционира.

И Заев и СДСМ и сета јавност треба да знаат дека пактови со мафија нема, ниту пак ќе поддржиме. Прво ќе ве поразиме, а потоа ќе следува одговорност.

ВМРО-ДПМНЕ единствено му должи на македонскиот народ, на граѓаните на Македонија, на активистите, симпатизерите што покажаа единство, цврстина, борба, жар, карактер, пркос, инает и пред се желба за подобра Македонија.

И затоа се ќе сториме ним да им се оддолжиме и сите заедно да направиме влада која ќе биде сервис на граѓаните. Влада која ќе биде од народот за народот и никако поинаку.

А, овие од власта ако мислат дека има најмали шанси за пакт со криминална власт тоа верувајте дека нема да се случи. Ќе бидат победени, и тоа народе ви го ветуваме.

Македонската пролет доаѓа!“, изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Во новата влада влегува и Сашо Мијалков како министер за правда“: Твитер реакции за предлогот на Заев за заедничка влада со ВМРО-ДПМНЕ

ЛДП не го бендиса предлогот на Заев: “Ако си се сакаат, нека си се земат“

СДСМ: Мицкоски нема капацитет за заедништво, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат со блокади и да застанат на страната на граѓаните

На прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ реагираа од СДСМ.

“Губитникот Христијан Мицкоски, главниот кочничар на сите процеси кои ја носат државата напред, реди порази во низа.

Мицкоски многупати покажа дека нема никаков капацитет за заедништво, ниту сака да придонесе за доброто на државата.

Слепо воден од наредбата да го брани криминалот на Мијалков и на Груевски, Мицкоски од петни жили ја кочеше правдата во државата. Им служеше на тие кои го поставија.

Застана против Законот за Јавно обвинителство, против правна разврска на предметите од СЈО, но не му успеа. Мицкоски беше поразен, патот на правдата е чист, изречени се и судски пресуди.

Мицкоски работеше против референдумот и се обиде да го закочи напредокот кон НАТО, кон ЕУ. И повторно беше поразен. Станавме 30 земја членка на НАТО, Мицкоски не успеа.

Мицкоски ќе остане запаметен како единствен, осамен, во македонското Собрание кој не ракоплескаше на големиот успех кога Република Северна Македонија стана 30-та земја членка на НАТО.

Преку своите министри и заменици министри во техничката Влада, Мицкоски работеше на штета на институциите кои се бореа со вирусот.

Ниту во време на светска здравстена криза, кога државата почнува да живее тешки денови, Мицкоски не покажа капацитет за сплотеност, за заедничка работа во интерес на граѓаните и придонес за државата.

Напротив. Мицкоски правеше се да ги поткопа напорите на здравствените работници, на надлежното министерство, на Владата, ширејќи лажни вести со цел да создаде паника кај населението.

Граѓаните му испорачаа пораз на парламентарните избори но и на локалните избори во Штип.

Дрско и кукавички седејќи во белата палата, го злоупотребува Собранието преку своите пратеници, да ги кочи сите важни проецеси за иднината на државата. И повторно беше поразен.

Мицкоски со месеци ги лажеше граѓаните за неговата фатаморгана дека има мнозинство и ќе стане премиер.

Неговите нечесни лаги се распрнаа како меур од сапуница, Мицкоски доживеа уште еден дебакл во Собранието, кога се изгласа доверба на Владата предводена од Зоран Заев.

Поразите на Мицкоски, многу на број, се показател дека со блокади, опструкции, работа на штета на граѓаните не може да успее.

Очекуваме, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го прекинат синџирот на деструктивните желби на Мицкоски и да застанат на страната на граѓаните и на државата“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Поставена првата паметна соларна клупа во Македонија

Редакција

Летниот распуст заврши, учениците се враќаат на настава без антиковид-протоколи и заштитни маски

Редакција

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово

Редакција