еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За пречекот на Курти без државното знаме во Тетово ќе има прекршочен судски процес прoтив Општина Тетово

Тетовскиот градоначалник Биљал Касами на социјалната мрежа Фејсбук објави покана од Основен суд Тетово, од каде бараат претставник на општината да дојде на судско рочиште на 15 септември поради сторен прекршок при пречекот на косовскиот премиер Албин Курти, односно неспроведување на Законот за употреба на грбот, знамето и химната.

На Фејсбук, Касами само на албански јазик напишал дека тоа претставува обид за заплашување и молчење.

– Уште еден обид за заплашување и молчење, што ме прави да разберам колку се плашат од албанската опозиција. Со овие дела ни ја зголемувате храброста. Повторувам, времето на заплашување и уцена на Албанците е мртво, како што умира и вашиот режим. Тоа го должиме само на граѓаните и на овој народ, бидејќи за вакви режими не се плашевме ниту во комунистичката ера, ниту сега. Вашето време истече, напиша Касами.

Објавен е и дел од судската покана со објаснување зошто се поведува постапката.

– На ден 11.08.2023 година на градскиот плоштад при организираниот дочек на странска делегација и претставници на Владата на Косово предводена од Албин Курти при самото доаѓање на градскиот плоштад на поставена бина беше интонирана химната на Албанија при што не беше интонирана химната на РС Македонија.

Воедно на бината каде што се одвиваше манифестацијата истакнати се знамиња на Р. Косово и Р. Албанија без притоа да се истакне државното знаме на РС Македонија. Горе пријавеното правно и одговорно лице во правно лице не постапиле согласно Законот за употреба на грбот, знамето и химната на Македонија при што при официјалната посета на странската делегација не ја интонирале државната химна како и не го истакнале државното знаме на Македонија“, стои во поканата на Основниот суд Тетово до локалната самоуправа.

Од 11 август СВР Тетово бара и човек кој вееше знаме со карта на т.н.Голема Албанија.

МИА/Фото: Касами/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Документот од исказот на Камчев за „Рекет“ не протекол од Кривичниот суд

Редакција

Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје

Редакција

Ќе има ли среќа како технички премиер: Паричката паднала кај Спасовски

Редакција