еМагазин
Image default
Македонија

За една недела попишани 32.752 лица од дијаспората

Во текот на првата седмица од најголемата статистичка операција попишани се вкупно 32.752 лица од дијаспората, информира Државниот завод за статистика (ДЗС).

ДЗС појаснува дека секојдневно го следи процесот и е во постојана комуникација со македонските иселеници.

Како што посочија во соопштение, проблемот со ненавременото добивање на повратна порака за влез во апликацијата е надминат и апликацијата беспрекорно фунцкионира.

-Бројот на попишани расте секој ден. Самопопишувањето за едно лице трае само 10 минути и воопшто не е сложено. Ги охрабруваме и мотивираме иселениците да одвојат кусо време и да се самопопишат, се наведува во соопштението на ДЗС.

Како што посочуваат, иселениците можат да се самопопишат до 21 април.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 22 лица од Ковид-19, вкупната бројка изнесува 1.071

Редакција

(Фото) Патниците од Пепелиште ќе бидат преместени во реновираниот Завод во Демир Капија

Редакција

Пратениците од внатрешноста од 1 септември ќе можат да добиваат 500 евра за стан во Скопје

Редакција