еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Истрага за барокната фасада на Владата: 30 дена притвор за првоосомничениот, за второосомничениот – куќен притвор

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд – Скопје делумно го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по предметот за злоупотреба на положбата и овластувањата при реализација на договорот за реконструкција на фасадата на Владата како дел од проектот „Скопје 2014“ и на првоосомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена, додека на второосомничениот му определи мерка куќен притвор, информираа од Обвинителството.

– Предметниот обвинител за останатите двајца осомничени до Судијата на претходна постапка достави предлог на мерки за обезбедување присуство за кои Судот ќе одлучува во редовна постапка.

Воедно, судијата го усвои Барањето за донесување на привремена мерка забрана на отуѓување и располагање со недвижен имот и го прифати Предлогот за издавање на решение за привремено запирање на извршување на финансиски трансакции со предлог за привремено одземање на имот, се додава во соопштението на Обвинителството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството отвори истрага за барокната фасада на Владата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во македонските болници

Редакција

Големи промени во „Скопски пазар“: Кои се новите раководни структури?

Редакција

На Попова Шапка минус 15 степени, Маврово со 56 сантиметри снежна покривка

Редакција