еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната од 12 до 18 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Во следните два дена времето ќе биде претежно сончево и значително потопло.

Во недела ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика значително опаѓање на температурите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Редакција

(Фото) Поранешната министерка Нина Ангеловска „не се сврте дома“ откако ја напушти Владата

Редакција

Г.г. Стефан: Со чудни реформи во образованието се менува нашиот културен, историски и духовен идентитет

Редакција