еМагазин
Image default
Бизнис

Германските инвеститори во државата бараат ефикасна администрација и олеснување на процедурите за поставување на фотоволтаици

Минатиот четврток за компаниите-членки на Македонско германското стопанско здружењние организиравме работна средба со претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, информира Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство.

„Тој во своето обраќање како клучни темели на идната економската политика на Владата ги наведе задржувањето на квалификуваната работна сила во земјата и јакнење на правната сигурност за компаниите.

Според компаниите-членки, еден од главните приоритети за остварувањето на овие цели е јакнењето на ефикасноста на администрацијата. Јакнењето на капацитетите на администрацијата истовремено е од клучно значење за подобро искористување на државните капитални инвестиции.

Претседателот на Владата најави формирање на One-Stop-Shop оддел во Владата кој ќе се грижи за странските инвеститори, нивните потреби и барања. Исто така, му ја пренесовме и желбата на компаниите кои работат во Технолошките индустриски зони за самостојно поставување на фотоволтаични системи на покривите од нивните фабрики.

Доколку се исполни ова барање, Владата ќе исполни голема желба на компаниите и истовремено би ги ставила на исто рамниште со компаниите кои работат надвор од Технолошките индустриски зони.

Во својот говор, претседателот на Владата исто така потенцираше дека Северна Македонија е земја со кратки релации, односно компаниите имаат лесен и брз пристап до Владата,“ информираат од Делегацијата на германското стопанство.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бизнисмени инвестирале во 26 фотоволтаици за да си обезбедат струја

Редакција

Измени на девет закони за Бехтел и Енка по скратена постапка денеска на дневен ред во Собранието

Редакција

Скопјано од утре ќе имаат парно, велат од Регулаторната комисија за енергетика

Редакција