еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Што е голема кашлица, кои се симптомите и како се пренесува

Во Македонија досега се регистрирани 22 случаи на голема кашлица, а за Скопје се очекува да се прогласи епидемија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Четири нови случаи на голема кашлица, бројката се зголеми на 22

Што е голема кашлица

Пертусис (или голема (магарешка) кашлица) е болест која се јавува како резултат на инфекција на грлото со бактеријата Bordetella pertussis.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Да се прогласи епидемија на голема кашлица во Скопје, предлага Комисијата за заразни болести

Кои се симптомите?

Пертусис обично започнува исто како настинка, со течење на носот, умор и понекогаш со малку покачена температура. После тоа се јавува кашлицата, обично во напади, која е придружена со длабока воздишка (или “пискав глас”). Понекогаш луѓето повраќаат после кашлањето.

Пертусис може да биде многу сериозна болест кај малите деца. Тие може да посинат или да престанат да дишат при нападот на кашлање и може да завршат во болница.

Болеста може да биде помалку сериозна кај постарите деца и возрасните, со напади на кашлица кои продолжуваат повеќе неделу и покрај тоа што се лекуваат.

Како се пренесува?

Пертусис се пренесува на други лица преку честички кои се исфрлаат при кашлањето или кивањето.

Ако не се лекува, лицето со пертусис може да ја пренесува болеста на други лица до три недели откако се појавила кашлицата.

Периодот откако лицето било изложено на болеста до заболувањето обично изнесува седум до десет дена, меѓутоа тој може да трае и до три недели.

Кој е изложен на опасност?

Секој може да заболи од пертусис.

За лицата кои живеат во исто домаќинство со лице заболено од пертусис постои поголема веројатност да заболат од болеста.

Со вакцинирање можете во голема мерка да ја намалите опасноста од болеста, меѓутоа таа може повторно да се појави.

Како се спречува?

Вакцината не овозможува доживотна заштита од пертусис и понекогаш заштитата не е целосна. Децата треба да се вакцинираат на возраст од два, четири и шест месеци. Ревакцинирање е потребно на возраст од четири години и повторно на возраст од 15 години.

На бебињата им се потребни две до три вакцини за да стекнат заштита од болеста. Заради тоа, многу е важно вашето бебе да биде подалеку од лицата кои имаат кашлица за тие да не можат да им пренесат пертусис или други бактерии.

Вакцинација се препорачува и за двајцата родители кога планираат да имаат бебе, или веднаш штом ќе се роди бебето, за возрасните лица кои работат со мали деца, посебно здравствените работници и вработените во установи за дневен престој на деца.

Што треба да правите ако сте во близок контакт со лице заболено од голема кашлица

Ако се појават симптоми, одете на доктор.

Некои лица кои биле во близок контакт со болеста и кои се изложени на голема опасност да заболат (на пример, деца помлади од една година, деца кои не се целосно вакцинирани и жени кои се наоѓаат при крајот на бременоста) и другите лица кои живеат или работат со лица кои се изложени на голема опасност од болеста можеби ќе треба да примаат антибиотици за да ја спречат појавата на болеста.

Што треба да правите ако имате голема кашлица

Лекувајте се навремено додека сте заразни, избегнувајте други лица и држете се подалеку од мали деца, на пример, во центри за дневен престој на деца, претшколски установи и училиште.

Како се поставува дијагноза?

Ако докторот мисли дека некое лице има пертусис, тогаш за да се потврди дијагнозата може да се земе брис од задниот дел на носот или да се изврши проверка на крвта.

Како се лекува болеста?

За лекување на пертусис се користи посебен антибиотик – обично азитромицин, еритромицин или кларитромицин. Овие антибиотици може да го спречат пренесувањето на бактеријата на други лица.

И покрај тоа што лицето се лекува, кашлањето често продолжува да трае повеќе недели.

Извор: Multicultural Health Communication Service/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) ВМРО-ДПМНЕ одржа протест во Скопје: Со факели и тоалетна хартија се бара оставка на Заев

Редакција

И Костадинов дојде за панихидата за Мара Бунева во Скопје и “испрати“ честитка од вториот бугарски главен град

Редакција

Мицкоски најави иницијатива пред Уставен за законот за јазиците и учество на претседателските избори

Редакција