еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Доктор Даниловски: Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми

Доктор Драган Даниловски на неговиот Фејсбук-профил анализира што сме заклучиле по две години од ковид-пандемијата.

„Дека имаме здравствен систем на стаклени нозе.

Дека немаме стратегија за глобални кризи со голем број жртви.

Дека немаме доволно медицински кадар и материјални ресурси за адекватен одговор при зголемен притисок врз здравствениот систем.

Дека немаме капацитет за целосно спроведување на било какви мерки.

Дека политиката е поважна од науката.

Дека бизнисот е поважен од човечките животи.

Дека лекувањето на болните од ковид е воглавно импровизација, зашто т.н. протоколи не се издигнати на ниво на законска обврска.

Дека еснафските здруженија се мртво слово на хартија.

Но и:

Дека народот нема доверба во институциите на власта.

Дека огромно мнозинство нема чувство за заедништво, за заеднички општествен интерес.

Дека нема трошка емпатија за страдањата на својот ближен.

Дека основната смисла на животот ја гледа во кафеаните, журките.

Дека образованието ни е катастрофално.

Дека, заради тоа, огромно мнозинство граѓани веруваат повеќе во теории на заговор, отколку на науката.

Ако ни е за утеха, се покажа дека тоа не е само кај нас така. Целиот Запад покажа, помалку или повеќе, исти симптоми.

Пандемијава ни ја тресна в очи вистината дека сме живееле во општества-холограми. Но, заклучивме и дека „несреќата никогаш не доаѓа сама“! Дефинитивно е време за тотален „ресет““, пишува тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Даниловски: Веројатноста за срцев или мозочен удар е поголема кај тие што прележале Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Омикрон сојот и кај нас има помала стапка на смртност, но не и драстично помала како во државите со висока вакцинираност

Редакција

Ладен туш од Макрон: ЕУ за да прима нови членки треба прво треба да се реформира

Редакција

Нема да ја нападнеме Русија, но Украина не е подготвена да отстапи ниту еден дел од својата територија, вели Зеленски

Редакција