еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) БРАКО гради нова хала за зголемување на производството на возила

Велешката фабрика БРАКО започна со изградба на нова хала во која ќе се прошири производството на возила за одржување хигиена во урбани средини, информираат од таму.

-Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности, посочуваат од компанијата.

Халата ќе се протега на површина од 4.500м2, ќе се гради во наредните две години и ќе чини над 2,5 милиони евра.

Новиот работен простор ќе овозможи проширување и на производството на метални конструкции и елементи, а ќе содржи и административни простории, менза и други модерно опремени простории.

БРАКО постојано вложува во капитални инфраструктурни проекти со кои ги зголемува ефикасноста, ефективноста и продуктивноста, а со тоа и конкурентноста на компанијата на меѓународните пазари, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Високи температури од потрокалова фаза: Владата со препораки до граѓаните

Редакција

Обвинителство предложи одземање на пасошот за вториот напаѓач на Пендиков

Редакција

Бранка Павловиќ поднесе оставка, Нина Неданоска, нов претседател на УО на Охридска банка

Редакција