еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Денеска и Димитров се вакцинираше против Ковид-19: Го доживеав како свечен чин

Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров денеска се вакцинираше на пунктот во Арената „А1“ во Скопје.

Димитров по вакцинирањето истакна дека е важно што е можно побрзо и што е можно повеќе македонски граѓани да се вакцинираат, со цел враќање на животот во нормала.

– Само што се вакцинирав и некако го доживеав и како свечен чин, бидејќи долго време зборуваме за ова и долго време трае оваа мака, и е многу важно за себе си, за моите блиски, за мојата фамилија, за моите соработници, за сите граѓани со кои доаѓам секојдневно во контакт, да бидеме заштитени.

Пандемијата трае повеќе од една година, за жал изгубивме многу животи, изгубивме дел од слободата, рече Димитров.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Се вакцинираше и министерот Бектеши

(Фото) Космонаутко го вакцинираше и министерот Бојан Маричиќ

(Фото) Во Штип се вакцинираше министерот Бочварски

(Фото) Министерот Милевски се вакцинираше против Ковид-19

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СП: Катица Јанева повеќе од 300 дена „се одмoра“ во семејната куќа во Гевгелија

Редакција

САД и Германија задоволни од исходот во македонското Собрание

Редакција

Пендаровски со косовската колешка разговарал и за унапредување на правата на Македонците во Косово

Редакција