Понеделничкото утро на мене и мојата фамилија ни започна вака, го најдов моето возило искршено и демолирано, објави на својот Фејсбук профил, портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Очигледно се во паника и исплашени, па тргнаа да не заплашуваат и нас зошто знаат дека ќе има одговорност за сите криминали.
Ако некој мисли дека пораката е примена, можам само да ви порачам дека ваквите методи кои се одлика на страв предизвикуваат поголема храброст и кај мене и кај ВМРО-ДПМНЕ. Сега сме 100% уверени дека сме погодиле точно во сржта, а да знаете одговорност ќе има,“ се вели во објавата.
Од СДСМ го осудија вандалскиот чин на демолирање на автомобилот.
„Секој чин на вандализам, насилство или уништување приватна сопственост е неприфатлив и недозволив, спротивен на вредностите на нашето македонско демократско општество.
Очекуваме и ги повикуваме сите надлежни институции да го расчистат случајот, сторителите да бидат откриени и да понесат одговорност во согласност со законите“, велат од СДСМ.
Фото: Фејсбук/Митева