еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.494: Нови 29 случаи на заболени со коронавирусот во Македонија

Во изминатите 24 часа направени се 362 тестирања, а потврдени се 29 нови случаи на Ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово- 4, Прилеп-3, Тетово-2, Велес-6, Кочани-3, информираат од Министерството за здравство.

Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија изнесува 1.494, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 509, Куманово – 393, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –153, Тетово – 84, Струга – 66, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.

“Направените 362 теста се преку: Институтот за јавно здравје –285, Ветеринарен факултет -11, Авицена –9, Биотек –26, Филип Втори (Жан Митрев) –0, Систина со PCR метода  -21 и МАНУ -10.

Досега во земјата се направени вкупно 16798 тестирања на ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се примени 2 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 48. На кислородна поддршка се 27, а на механичка вентилација е 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 26 пациенти. Од нив 4 пациенти се на респираторна машина и уште 3 со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 2 пациенти, а уште 4 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Охрид, Гостивар и Тетово се хоспитализирани вкупно 44 позитивни и суспектни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 807: Нови 69 излекувани пациенти од коронавирусот во Македонија

Вкупно 81: Четири новопочинати од коронавирусот, дури тројца од Прилеп

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По командирот, приведени и двајца полицајци и двајца војници за пукањето на свадбата во Дебреште

Редакција

По Мијалков и Камчев излегува од притвор со гаранција од скоро 11 милиони евра

Редакција

Вработените во управата и правосудството излегоа на двочасовен штрајк

Редакција