еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

По командирот, приведени и двајца полицајци и двајца војници за пукањето на свадбата во Дебреште

На 28.08.2023 од страна од полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички истраги при ОВР Прилеп проширена е истрагата во врска со кривичното дело “предизвикување општа опасност” на семејна веселба во с.Дебреште, информираат од МВР.

-Идентификувани се повеќе лица кои пукале со оружје на веселбата и за сите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци. Двајца од нив се полициски службеници: Н.И. (28) и Е.И.( 28) од ОВР Прилеп, а двајца се професионални војници Б.Х. (26) и И.Р. (23), додека останатите се жители од с.Дебреште и с.Саждево, крушевско.

Извршени се седум претреси, при што одземено е разновидно оружје кое е употребено за извршување на кривичното дело.

Во врска со овој настан вчера (27.08.2023) беше приведен и командирот на ПО Ропотово Е.Р. и на истиот од страна на судија на претходна постапка одреден му е куќен притвор во траење од осум дена.

Исто како и за Е.Р., и за полициските службеници Н.И. (28) и Е.И. (28) постапува Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, и за нив ќе биде поведена дисциплинска постапка и поднесен соодветен поднесок до ОЈО, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Приведен и суспендиран командирот кој пукал со калашњиков од тераса

(Видео) Командир на полициска станица пука со калашњиков на тераса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Реџепи од Алтернатива пак се предомисли, ќе гласа против Владата

Редакција

Претседателката на Врховен суд, Адеми, нема да оди во Судски совет, а образложи и зошто

Редакција

(Фото) Има и полесно повредени граѓани: Полициски службеници извлекуваат заглавени возила во Скопје

Редакција