еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведен и суспендиран командирот кој пукал со калашњиков од тераса

Приведен е командирот на полициската станица Ропотово кој пукал со калашњиков од тераса на свадба во Дербиште, а чие видео масовно се споделува на социјалните мрежи.

Од Министерството за внатрешни работи информираа и дека тој ќе биде суспендиран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Командир на полициска станица пука со калашњиков на тераса, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ

-Е.Р. (30) од село Дебреште, командир на ПО Ропотово, денеска е лишен од слобода и задржан во Полициската станица од општа надлежност Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој е осомничен дека на 19. овој месец на свадба кај негови роднини во семејна куќа во село Дебреште пукал од огнено оружје, соопшти синоќа МВР.

ОВР Прилеп презема мерки за расчистување на случајот во координација со ОЈО Прилеп и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и по целосно расчистување на случајот, до ОЈО Прилеп ќе биде поднесен соодветен поднесок.

-Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе биде поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тој ќе биде суспендиран до донесување на решение во дисциплинската постапка, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не Бугарија, нацистичка Германија е виновна за депортацијата на македонските Евреи, вели Димитров, бугарскиот копретседател на заедничката Комисија

Редакција

(Видео) Пендаровски: За да има помирување, треба извинување од Бугарија за депортацијата на македонските Евреи

Редакција

Топол бран во четврток и петок, температури и над 40 степени

Редакција