еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Маж од Свети Николе починал откако се обидел со кабли да го стартува возилото

Вчера околу 10:30 часот во Полициска станица Свети Николе било пријавено дека во месноста викана „Круши“, светиниколско, пред дворно место од викендица, З.М. (58) од Свети Николе во обид со кабли да го стартува неговото паркирано возило „голф“ истото тргнало нанапред, и З.М. паднал, по што бил прегазен од возилото, информираат од МВР.

-Од здобиените повреди З.М. починал на лице место. Смртта е констатирана од лекар од итна медицинска помош, а по овластување на јавен обвинител увид на лице место извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе.

Телото на починатиот е предадено на семејството, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на онлајн купувањата: Најчесто се купува облека и спортска опрема

Редакција

Нема готов текст, следствено нема договор, вели Курти

Редакција

Издадена деветта еврообврзница во износ од 600 милиони евра за отплата на стари долгови

Редакција