еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Како ќе изгледа комплексот „Планет“ во Сарај: Елитна населба во близина на езерото „Треска“ со вили, паркови, игралишта

Денеска се промовираше Комплексот „Планет“ во Сарај, кој се простира на 150 хектари со 142 вили, со сета придружна инфраструктура од улици и пристапни врски со постоечката градска патна мрежа, канализации, вододоводна мрежа, како и мрежа за електрична енергија и интернет.

Инвестицијата чини 28 милиони евра, а комплексот ќе го градат „Блеро-Фикс“ и „Валмир компани“, а ќе бидат вклучени и десетици други компании подизведувачи од различни дејности.

– Ова е првата населба во Скопје која нуди поинаков концепт на живеење и првата елитна населба од овој вид која се гради како резултат на вашата упорност и визија.

Навистина ми е драго што успеавте да препознаете дека политиките кои ги креираше Градот Скопје во изминативе 3 години, пред се, за рамномерен развој на сите делови од градот, помогнаа во вашата одлука да инвестирате во овој проект.

Со нашата работа изминативе неколку години, активностите на Владата и општина Сарај, испративме порака до граѓаните и инвеститорите дека Скопје е град кој е еднаков за сите, кажа на промоцијата градоначалникот Петре Шилегов.

Комплексот Планет е елитна населба која се простира на површина од 15 хектари, лоцирана помеѓу реките Вардар и Треска, во близина на езерото Треска. Со истиот се предвидени изградба на елитна населба со вили, паркови, спортски игралишта и центри, градинки, ресторани, маркети, фитнес и спа-центри и др.

Премиерот Зоран Заев истакна дека станува збор за супер модерна населба која ги има предвид сите функционалности за едно урбано живеење вклучувајќи објекти за здравствена заштита, пошта, банка, библиотека и книжарница, градинка, надворешен амфитеатар за организација на настани, спортски центри, хелиодром, базени и хотелско ресторански комплекс.

„Она што е исклучително значајно е што градбата на целиот станбено-деловен комплекс зафаќа само околу 20% од вкупната површина што ја опфаќа инвестицијата, а остатокот од 80% му припаѓа на зеленилото.

Креаторите на комплексот Планет се прилагодиле на природата и на еколошката функционалност на теренот и во средината на комплексот е централниот парк кој, всушност, го претставува веќе постоечката шума во границите на локацијата за негова изградба,“ рече Заев.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се градат објекти со вредност 392% поголема отколку во минатата година

Редакција

Пад на индустриското производство во јуни

Редакција

Кои се членови на Управниот одбор на Стопанска банка-Скопје

Редакција