Вчера беше пуштен во употреба новиот парк пред Скопје Сити Мол, како подарок од трговскиот центар за Општина Карпош.
Паркот се протега на повеќе од 850 метри квадрати и е хортикултурно уреден со висококвалитетни садници, цвеќиња, зеленило, како и урбана опрема. Во рамки на паркот уредена е и летна тераса на која може да се организираат помали настани.
Главна атракција во рекреативниот парк наменета за младите посетители е игралиштето изградено според светските трендови со специјално дизајнирана кула за качување која нуди широк спектар на особено возбудливи активности.
Кулата е висока околу 8,5 метри е изградена според најдобрите европски стандарди од сложени форми поставени во облик на структура на ДНК.
Челичната конструкцијата за качување може да се искачи преку тродимензионална мрежа направена од јажиња во внатрешноста на кулата, кои истовремено обезбедуваат авантура и учење за совладување на пречки за децата, но обезбедуваат и безбедност за корисниците.
Покрај оваа кула има и други реквизити како твистер патека, пикадили вртелешка, љуљашка, лизгалка, еди спинер и други.
„За нашите соседи, жителите на Карпош, за жителите на Скопје и за нашите посетители создадовме ново катче за дружење и забава. Во годината кога го славиме нашиот десетти роденден, ова е наш подарок за позелена околина и нови атрактивни содржини за заедницата во која живееме и работиме,“ изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.