еМагазин
Image default
Локално

(Фото) Вардар се излеа кај новиот мост во Аеродром, можна причина градежните активности кои се изведуваат таму

По телефонска дојава од страна на граѓани на 195, а и до директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, дека во Општина Аеродром, кај мостот во градба лоциран до хотел „Русија“, нивото на реката Вардар е драстично покачено, ЦУК веднаш, согласно мапите на процес и процедурите, контактираше со одговорните лица на Град Скопје, Општина Аеродром, МВР и Дирекцијата за заштита и спасување, а и други субјекти од Системот за управување со кризи, информираат од ЦУК.

„Истовремено, се повикани и надлежните од фирмата изведувач на проектот, за да се произнесат во однос на потребата од превземање на соодветни мерки за надминување на проблемот ако е потребно и со отстранување на делумните препреки на десната страна од речното корито, како и со дополнителни превентивни активности.

Над мостот, конкретно над препреките од десната страна на коритото, зголемениот водостој на реката предизвикува заезерување и е на самата граница на висината на максималната кота на кејот, на потегот од мостот во градба до ПИОМ. После препреката текот на реката во речното корито е забрзан и бучен, но потоа текот на реката и коритото е во нормална состојба.

Информациите што ЦУК ги доби говорат дека вчера при изведување на работни активности на градба на мостот, фирмата иведувач на работите најверојатно за потребите на градбата има попречено дел од речното корито со што директно се влијае на намалување на капацитетот на протокот на водата во речното корито,“ велат од ЦУК.

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска изјави дека е повикан изведувачот при што наложено е на фирмата која изведува градежни активности на тој потег, која има обврска да го одржува коритото каде што гради, да ја следи состојбата на терен и да преземе мерки.

„Согласно информациите од регионалниот Центар за управување со кризи, поради зголемен испуст на вода од хидро електраната Матка во текот на вчерашниот ден, заради зголемено производство на електрична енергија, зголемен е и водостојот на речното корито на Вардар, заради што е настанато излевањето.

Апелираме до граѓаните да не го користат минор коритото на Вардар на потегот од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување до мостот во изградба, додека нивото на Вардар не се стабилизира,“ изјави Арсовска.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Редакција

На Долно Блаце уапсен Србин баран од Интерпол

Редакција

Во Скопје изменет сообраќаен режим поради „Скопје трча 10К 2019“

Редакција