еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

(ФОТО) Kia ги објави првите фотографии од комплетно новиот Sportage

Kia ги откри првите официјални слики на петтата генерација на моделот Sportage – инкарнација на најпопуларниот SUV модел на марката.

Новиот Sportage треба ќе биде претставен во јули во Кореја со што се очекува моделот да постави нови граници во својот сегмент – со неговиот напреден дизајн на екстериерот и ентериерот, технологијата за поврзување и ефикасните погонски единици.

Новина за брендот и моделот е тоа што за прв пат во 28-годишната историја, ќе има посветена европска верзија.

„Инспирирани од новиот дизајнерски јазик на компанијата, новиот Sportage ги предизвикува нормите за дизајн со авантуристички, но современ изглед со истакнати детали. Со новиот Sportage, ние не сакавме едноставно да направиме чекор напред, туку да преминеме на сосема друго ниво во класата SUV“, вели Карим Хабиб, потпретседател и раководител на глобалниот центар за дизајн.

Откриен на почетокот на оваа година, новиот дизајнерски јазик на Kia – „Обединети спротивности“- е во основата на Sportage, влијаејќи на секој аспект на неговиот изглед и карактер. Првите фотографии навестуваат наметливо присуство на SUV – оддаваат почит на совршенството и едноставноста на природата, додека се поврзуваат со новата насока на дизајнот на марката.

Повеќе детали за европската верзија на комплетно новиот Sportage ќе бидат претставени во септември оваа година.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Скопската Зоолошка наполни 93 години

Редакција

Одржана првата Школа за напредната срцева слабост

Редакција

Охрид во ритамот на Бетовеновите сонати

Редакција