еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Новак Ѓоковиќ ја сподели успешната приказна на младиот македонски бизнисмен Душко Чифлиганец

„Компанијата Adora Living Solutions која е дел од македонската групација Adora Bussines Group и која е инвеститор на иновативниот градежен проект 21st century Zlatibor го поддржа нашиот тим Љубиш со 15.000 евра“, сподели српскиот тенисер и светскиот број еден рекет Новак Ѓоковиќ на неговиот Инстаграм профил споделувајќи и фотографии од семејството Чифлиганец.

Имено, Душко Чифлиганец кој е директор на Adora living solutions даде интервју за Original Magazin кој го издава фондацијата на Новак Ѓоковиќ, а во која тој зборува за развојот и успехот на Адора, проектите на компанијата, идните планови.

Парите кои Чифлиганец ги донирал во фондацијата на Ѓоковиќ ќе бидат искористени за отворање на градинка.

„Оваа донација значително ќе помогне во отворањето на градинка во Љубиш со што ќе се создаде можност, преку 20 деца да се развиваат со помош на работата на воспитувачи,“ пишува на Инстаграм-профилот на фондацијата Новак Ѓоковиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Адора инженеринг скриено најавува голем проект на Златибор

Фото: Инстаграм/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Лимузина налета врз минувачи во САД, најмалку 20 загинати

Редакција

Бројот на ученици во средните училишта намален за 3,9, а во основните за 1,4%

Редакција

Потпретседателот на Беса, Аријанит Хоџа формира нова партија, Европска демократска партија

Редакција