еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Адора инженеринг скриено најавува голем проект на Златибор

Градежната компанија Адора инженеринг од неодамна на социјалните мрежи преименувана во Аdora Business Group со цел поедноставно комуницирање за активностите на сите компании под брендот Адора, засега скриено само преку teaser кампања најавува изградба на објект во српската рајска градина, како што ја нарекуваат планината со волшебна убавина Златибор.

За каков проект се работи, од компанијата не откриваат детали, но во телефонскиот разговор, за еМагазин само кусо ни изјавија дека Адора инженеринг ја продолжува успешната градителска приказна со проект којшто ќе го редефинира квалитетот, комфорот и луксузот во планинското домување и релаксирање на Златибор.

Дека се подготвува нешто грандиозно, како што знае да направи Адора, може да се насети и од објавите на нивниот Инстаграм и Фејсбук профили.

Од Адора велат дека работат на разработката на финалните детали и дека македонската јавност може набрзо да очекува целосна презентација на проектот, но од сигурни извори дознаваме дека се работи за станбено-деловен комплекс кој што ќе биде дополнет со сите екслузивни содржини како базен, спа и велнес центар, теретана, двор за релаксација, ресторан и друго, на ултра атрактивна локација близу центарот на Златибор.

Кон истото укажува и sneak peеk објавата на Адора каде што откриваат дека проектот го носи името „21st Century Zlatibor by Adora“, а во продолжение е надополнето со residence, spa & wellness.

Останува да видиме за колкава инвестиција станува збор и за каков вид на иновативен јазик на проектирање и дизајн стручниот тим на Адора се одлучил.

Златибор важи за место од приказните, кое голем број Македонци го посетуваат во зимските месеци, но и во останатиот период од годината, бидејќи Златибор се смета за воздушна бања, опкружена со златниот бор, со прекрасна клима преку целата година.

Ова туристичко место во срцето на Србија може да се пофали со одлично гостопримство и превкусна храна, долгогодишна туристичка традиција, со над 250.000 туристи годишно и околу 1.000.000 ноќевања, богато со хотели, апартмани, одмаралишта, а во последниве години се градат прекрасни објекти со помали и поголеми апартмани за кои интересот е огромен.

Како илустрација за развојот и квалитетот што го нуди Златибор доволен е податокот дека оваа година во рамки на скијачкиот центар во Златибор, со работа ќе започне најдолгата жичара односно гондола во светот, со должина од 9 километри.

После Белград, во Србија, овој планински центар држи највисока цена по квадратен метар и се издаваат најголем број на градежни дозволи за градба и за се што се гради брзо се наоѓаат купувачи.

Инвестицијата на Адора, која што не се сомневаме дека ќе биде ништо помалку од очекувањата кои ги имаме од нашиот најпотврден градежен бренд, очигледно се вклопува во овој градежен бум и доаѓа во вистински момент.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во сабота во Струмица карневал, група со деца од Белград поради корона вирусот го откажа учеството

Редакција

Има ли вакцина за мајмунски сипаници

Редакција

Марковски компани лани од ЕСМ добила тендери во вредност од 25 милиони евра

Редакција