еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Има ли вакцина за мајмунски сипаници

Институтот за јавно здравје објави детална анализа за вирусот на „мајмунски сипаници“.

Ви пренесуваме дел од истата.

Вакцинација

Преку неколку опсервациони студии, докажано е дека вакцинацијата против големи сипаници е околу 85% ефикасна во спречувањето на мајмунските сипаници. Претходна вакцинација против големи сипаници може да резултира со полесна клиничка слика при заразување со мајмунски сипаници.

Доказите за претходна вакцинација против големи сипаници обично може да се најдат во вид на лузна на надлактицата. Во моментов, оригиналните (првата генерација) вакцини против големи сипаници повеќе не се достапни за пошироката јавност.

Некои здравствени работници или лабораториски персонал можеби примиле понова вакцина против големи сипаници, за да ги заштити во случај на изложеност на ortopoxvirus-и на работното место.

Една понова вакцина, заснована на модифициран атенуиран вирус на vаccinia-вирус (вирус Анкара) беше одобрена за превенција од мајмунски сипаници во 2019 година. Ова е вакцина со две дози за која достапноста останува ограничена.

Вакцините против големи сипаници и мајмунски сипаници се развиени во формулации засновани на вирусот vаccinia-вирус и овозможуваат имунолошки одговор поради вкрстена реакција на ortopoxvirus-ите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Превенција од мајмунски сипаници

Како мајмунските се поврзани со големите сипаниците

Каква терапија постои за мајмунските сипаници

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Според СЗО не е потребна трета доза вакцина

Редакција

Која е Марија Јаническа, која е избрана за нова директорка на ОТА

Редакција

Позитивни на Ковид-19 две вработени во градинки во Скопје и Битола

Редакција