еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Превенција од мајмунски сипаници

Институтот за јавно здравје објави детална анализа за вирусот на „мајмунски сипаници“.

Ви пренесуваме дел од истата.

Превенција

Подигнувањето на свеста за ризик факторите и едукацијата на луѓето за мерките што можат да ги преземат за да се намали изложеноста на вирусот е главната превентивна стратегија за мајмунски сипаници. Во тек се научни студии за да се процени спроведливоста и соодветноста на вакцинацијата за превенција и контрола на мајмунски сипаници.

Некои земји имаат, или развиваат политики за понуда на вакцина на лица кои можат да бидат изложени на ризик како што се лабораториски персонал, тимови за брз одговор и здравствени работници.

Намалување на ризикот од пренос од човек на човек

Надзорот и брзата идентификација на нови случаи е од клучно значење за ограничување на епидемијата. За време на епидемии на мајмунски сипаници, блискиот контакт со заразени лица е најзначајниот ризик фактор за инфекција со вирусот на мајмунски сипаници.

Здравствените работници и членовите на домаќинството се изложени на поголем ризик од инфекција. Здравствените работници кои се грижат за пациенти со сомнителна или потврдена инфекција со вирусот на мајмунски сипаници или ракуваат со примероци од нив, треба да спроведат стандардни мерки на претпазливост за контрола на инфекцијата. Доколку е можно, треба да се изберат лица кои претходно биле вакцинирани против големи сипаници за да се грижат за пациентот.

Со примероците земени од луѓе и животни со сомнителна инфекција со вирусот на мајмунски сипаници треба да ракува обучен персонал кој работи во соодветно опремени лаборатории. Примероците од пациентите мора безбедно да се подготват за транспорт со тројно пакување во согласност со упатствата на СЗО за транспорт на заразни материјали.

Идентификацијата на кластери на мајмунски сипаници во мај 2022 година во неколку неендемични земји без директни сообраќајни врски со ендемска област е атипична. Во тек се дополнителни испитувања за да се утврди веројатниот извор на инфекција и да се ограничи понатамошното ширење. Бидејќи изворот на оваа епидемија се истражува, важно е да се разгледаат сите можни начини на пренесување, со цел да се заштити јавното здравје.

Намалување на ризикот од пренос на зоонози

Со текот на времето, повеќето хумани инфекции се резултат на примарен пренос од животно на човек. Мора да се избегнува незаштитен контакт со диви животни, особено оние кои се болни или мртви, вклучувајќи го нивното месо, крв и други делови.

Дополнително, целата храна што содржи животинско месо или делови мора да биде темелно сварена/термички обработена пред јадење.

Спречување на мајмунските сипаници преку ограничувања во трговијата со животни

Некои земји воведоа регулативи со кои се ограничува увозот на глодари и примати. Заробените животни кои се потенцијално заразени со мајмунски сипаници треба да се изолираат од другите животни и веднаш да се стават во карантин.

Секое животно што би можело да дојде во контакт со заразено животно треба да биде ставено во карантин, да се постапува со стандардни мерки на претпазливост и да се набљудуваат за симптоми на мајмунски сипаници во период од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како мајмунските се поврзани со големите сипаниците

Каква терапија постои за мајмунските сипаници

Како се пренесуваат мајмунските сипаници

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колку чини изнајмувањето станови во Скопје и туристичките места

Редакција

Населението во Дебар ќе се тестира за стекнат имунитет на корона вирусот

Редакција

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: Првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година

Редакција