еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Motorola претставува специјaлна едиција razr и edge уреди: Првите и единствени смартфони во Pantone бојата за 2024 година

Моделите motorola razr 40 ultra и motorola edge 40 neo ќе бидат достапни во супер-актуелната боја на годината Pantone 13-1023 Peach Fuzz. Со ова се обележува вторaта година на партнерство помеѓу Motorola и Pantone и овозможувањето на корисниците да бидат секогаш актуелни со својот избор на боја за смартфон.

Pantone бојата на 2024 година, Pantone13-1023 Peach Fuzz, ја зајакнува важноста на самоизразувањето преку уредите кои ги користиме.

Pantone бојата на годината претставена од Pantone Colour Institute, е едукативна програма која ја рефлектира симболиката на природата на боите. Оваа година се бележи 25 годишнина од програмата Pantone боја на годината, со избраната боја Pantone13-1023 Peach Fuzz. Кадифена нежна праска нијанса, Pantone 13-1023 Peach Fuzz има пријатна и нежна суштина што прикажува чувство на заедништво, заедница и соработка.

За заедничката продолжена соработка, Рубен Кастано, раководителот на секторот за потрошувачко искуство и дизајн во Motorola, изјави:

„Како што технологијата станува испреплетена со човештвото, ние веруваме дека бојата може да биде алатка за изразување и подлабоки, позначајни искуства со нашите уреди. Ова вклучува надминување на уредите и во самиот софтвер. Бојата на годината на Pantone 2024 го прави токму тоа бидејќи го спојува виртуелниот свет во кој живееме и нашата желба да воспоставиме подлабоки врски и благосостојба.“

Изборот на Pantone13-1023 Peach Fuzz ја надополнува мисијата на Motorola да ја направи технологијата попристапна и да им помогне на потрошувачите да ја користат технологијата за поврзување. При изборот на уреди со Pantone 13-1023 Peach Fuzz, Motorola размислуваше за пораката на  бојата и нејзиниот акцент на моќта на човечкото поврзување, откривајќи дека motorola razr 40 ultra и motorola edge 40 neo го овозможуваат тоа.

Глобално достапниот, Motorola razr 40 ultra е направен за поврзување и соработка и овоможува индивидуално истакнување од толпата, со својот иконски, преклоплив дизајн.

Motorola edge 40 neo е уред кој ја става бојата во центарот на дизајнот. PANTONE 13-1023 Peach Fuzz нијансата, во веганската кожа одлично го комплетира уредот со топол контрасен дизајн, привлекувајќи ги сетилата и разгорувајќи ја имагинацијата.

Двата уреди се дизајнирани со идејата за поврзаноста како суштина и нудат карактеристики развиени за да ја подобрат нашата заедничка човечност. Тие ги вклучуваат најновите софтверски понуди на Motorola, Moto Unplugged и Family Space. И двете од овие апликации го прифаќаат балансот помеѓу поврзаноста и одморот, безбедноста и смелоста. Moto Unplugged се фокусира на важноста да правиме паузи од нашиот уред за да бидеме поприсутни со себе и со оние околу нас, додека Family Space ги охрабрува семејствата да ја истражуваат технологијата.

„Беше прекрасно да се работи со Motorola и да се види нивната посветеност да овозможуваат креативност, поврзување и персонализација преку бојата на нивните уреди, а овогодинешната боја има особено значење за искористување на врската, заедницата и личната благосостојба “, соопшти Лори Пресман, потпретседател на Pantone Colour Institute.

„Нашата Pantone боја на годината за 2024 година, Pantone 13-1023 Peach Fuzz 13-1023 Peach Fuzz, беспрекорно го спојува виртуелниот и реалниот живот, што ја прави идеална боја за физичкиот изглед на дигиталните уреди. Возбудени сме што гледаме како нашата публика ги користи карактеристиките што ги нуди Motorola за да овозможи и олесни понатамошни врски”.

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонското здружение на млади правници ја тужи Владата и Град Скопје заради загадениот воздух

Редакција

Која е Урсула фон дер Лаин: Мајката на седум деца што го крши мразот во европската политика

Редакција

Во ноември зголемен прометот во индустријата

Редакција