еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Марија Јаническа, која е избрана за нова директорка на ОТА

Марија Јаническа е нов директор на Оперативно техничката агенција (ОТА).

ОТА, во чија надлежност е опремата за прислушување, речиси еден месец беше без директор, а таа доаѓа на местото на Зоран Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Марија Јаничевска е нова директорка на ОТА

Образование

Родена е во Скопје во 1978 година.

Таа е дипломиран правник. Дипломирала на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, струка деловно право.

Кариера

Од 2003 до 2005 година била проект кординатор на проект на Светска банка и Агенцијата за млади и спорт.

Во периодот од 2007 до 2008 година работела како правник во ТП Агин.

Во 2008 година била правен/проект асистент во Здружението на јавни обвинители.

Од 2008 до 2009 година била раководител на правен сектор во Он.Нет ДОО.

Од 2009 до 2015 година работела како правен експерт/офицер за заштита на лични податоци во Оне.

Во периодот од 2015 до 2019 година работела во А1 Македонија/оне.Вип, како правен експерт/офицер за заштита на лични податоци.

Од 2019 е во ОТА, на позицијата државен советник за општи и заеднички работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Контакт бизнис“ го доби тендерот за привремени вработувања во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги вреден 253.000 евра

Редакција

„Реално ли е зголемувањето на цените во маркетите?“: Инспекциите ќе излезат на терен

Редакција

Детален преглед на кадровската чистка на Владата: Кои директори ги загубија фотељите?

Редакција