еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Битолчанец избегал од регионалниот ковид-центар, а потоа починал од Ковид-19

Битолчанецот М.А. (35 г.) хоспитализиран во Клиничка болница-Битола самоволно избегал од инфективното одделение каде се лекувал од инфекција предизвикана од Ковид-19, а по неколку часа откако бил вратен во болницата починал.

Настанот се случил вчера попладне откако М.А. избегал од болницата, по пријава на надлежните служби и со интервенција на полицијата бил пронајден дома, и со служба за Итна медицинска помош бил вратен на лекување.

„Пациентот, позитивен на Ковид-19 во болницата беше вратен со возило на Итната медцинска помош, но во тешка здравствена состојба, неконтактибилен, со немерлива сатурација и изразена цијаноза.

И покрај преземените мерки за реанимација во 18:45 часот пациентот почина со клиничка слика на тешка кардиоресприраторна инсуфициенција,“ појаснуваат здравствените власти и потврдуваат дека во текот на ноќта на инфективното одделение во Битола освен 35-годишниот битолчанец, од Ковид-19 почнале и други две лица на 55 и 73 години.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот Борјан Јовановски повика секој со својот џоинт да протестира пред Обвинителство за Моника

Редакција

Новата варијанта на Ковид-19 забрзано се шири: Омикрон регистриран во 12 градови во Македонија

Редакција

Зијадин Села поднесе оставка од функцијата претседател на Алијанса за Албанците

Редакција