Кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски му го вратил орденот на бугарскиот министерот за одбрана, Красимир Каракачанов заедно со протестно писмо во кое наведува дека гестот се должи на изјавите на Каракачанов во кои се негира, македонскиот народ, државност и јазик, соопшти тој на Фејсбук.
Димитриевски, како што напиша на Фејсбук покрај орденот и писмото на бугарскиот министер му подари, како што вели скромен подарок – книга „The Soul of Macedonia“ од авторот Наце Попов во која, вели сликовито е прикажана и објаснета духовната убавина на нашата држава и народ.
Димитриевски, пред извесно време најави дека ќе го врати орденот којшто Каракачанов му го доделил по повод 100- годишнината од Првата Светска Војна на одбележување на битката кај Страцин.
Во писмото, Димитриевски го повикува Каракачанов да ги почитува проевропските вредности и кон бугарскиот и кон македонскиот народ, кој се стреми да биде дел од ЕУ-семејството.
„Се надевам дека истото ќе даде придонесе за поголемо заемно вреднување и почитување, а воедно и осознавање„, напиша Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Фејсбук/Димитриевски